Новата снежната покривка што се формираше на Пониква создаде идеални услови за скијање на ски-патеките на Спортско-рекреативниот центар на Осоговските Планини.
Љубителите на зимските спортови, сезонава за прв пат, в петок, 3 февруари, ќе имаат можност повторно да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.
Ски-патеката 1 е целосно израмнета и подготвена и ќе бидат отворена за ноќно скијање од 17до 20 ч.
Патнит правец до СРЦ „Пониква“ е прооден.