В петок прво ноќно скијање на Пониква во новата сезона

Новата снежната покривка што се формираше на Пониква создаде идеални услови за скијање на ски-патеките на Спортско-рекреативниот центар на Осоговските Планини.

Љубителите на зимските спортови в петок (24.12.2021),  ќе имаат можност повторно да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.

Ски-патеките 1 и 3  се целосно израмнети и подготвени и ќе бидат отворени за ноќно скијање од 17:00 ч.

Патнит правец до СРЦ „Пониква“  е прооден, информираат од ЈП „Македонија Пат“.

И. Матеничарски

Сподели: