В петок, 12 ноември – конститутивна седница на Советот на Општина Кочани

Претседателот на Советот од претходниот состав, Томе Солевски, за в петок, 12 ноември ја свикува првата конституивна седница на новиот состав на Советот, која ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар, со почеток од 11 ч.

На предлог-дневниот ред се наоѓаат 14 точки:                                           

  1. Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани.
  2. Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
  3. Избор на Претседател на Советот на Општина Кочани
  4. Предлог-решение за формирање Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата
  5. Предлог-решение за формирање Комисија за култура, образование и спорт и права на децата
  6. Предлог-решение за формирање Комисија за земјоделство
  7. Предлог-решение за формирање Комисија за месна самоуправа и граѓански иницијативи
  8. Предлог-решение за формирање Комисија за здравство и социјална заштита
  9. Предлог-решение за формирање Комисија за статут и прописи
  10. Предлог-решение за формирање Комисија за прекугранична соработка
  11. Предлог-решение за формирање Комисија за финансии и буџет и локален економски развој
  12. Предлог-решение за формирање Комисија за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита
  13. Предлог-решение за формирање Комисија за еднакви можности на жените и мажите
  14. Предлог-решение за определување членови на Советот на Општина Кочани кои ќе учествуваат при склучување на бракови.
Сподели: