В понеделник, на 27 септември – ждребување за определување распоред за истакнување изборни плакати

Одделението за правни и општи работи во Општина Кочани ги известува организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати од Општинската изборна комисија – Кочани, за избор на градоначалник и за членови на Советот на Општина Кочани дека в понеделник, на 27 септември 2021 година, во 15 часот, во Салата за состаноци во Општина Кочани, ќе се изврши ждребување за определување на редоследот за истакнување изборни плакати без надомест, на организаторите на изборна кампања кои учествуваат на Локалните избори – 2021 година.

Плакатите ќе можат да се истакнат на места определени со одлука на Советот на Општина Кочани.

За да можат да учествуваат на ждребувањето, организаторите на изборна кампања покрај потврдени листи, потребно е до Градоначалникот на Општина Кочани да поднесат барање за користење на местата за истакнување на изборни плакати, најдоцна до 27 септември, до 12 часот.

Сподели:
  •  
  •  
  •