В понеделник презентација на ИПАРД 3 програмата за рурален развој

В понеделник, 28 март, со почеток од 10:30 ч. во Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи еднодневна информативна работилница за ИПАРД 3 програмата.

Според агендата предвидено е презентирање на мерки за кофинансирање од ИПАРД програмата од страна на Инг.Марија Крстева сертифициран ИПАРД консултатнт.

Фокусот ќе биде ставен на Мерката 3 – инвестиции во основни средства запреработка и маркетинг на земјоделски и рибнипроизводи, а во зависност од нивниот интересприсутните ќе бидат информирани и за поединечни мерки.

ИПАРД програмата претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.

Информативната работилница е отворена за учество на заинтересираните граѓани.

Сподели: