В понеделник прекин на сообраќајот пред влезот на Горни Подлог

Завршува асфалтирањето на локалниот пат од Подлог до Мојанци. Останува последниот дел на кој ќе се работи в понеделник, 11 мај.

Поради тоа, од 9 до 15 ч. сообраќајот времено ќе биде во прекин од магистралниот пат А3, железничкиот премин, мостот пред влезот во Подлог до крстосницата меѓу Горни и Долни Подлог.


Се известуваат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат времената измена и да се прилагодуваат кон условите на патот.

Сподели: