В сабота на Пониква – 13. издание на Републичкиот собир на пензионерите од Македонија

Во организација на Здружениетона пензиоери на општина Кочани, в сабота 13 август на СРЦ  „Пониква“ на Осоговските Планини ќе се одржи 13. издание на Републичкиот собир на пензионерите од Македонија.

На годинашниот 13  – ти традицонален пензионеркси собир ќе учествуваат 22 пензионерски здруженија од републиката и се очекува манифестацијата да ја посетат повеќе од илјада пензионери од државата.

Според агендата предвидена  е прошетка низ падините на Осоговските Планини, запознавање со туристичките можности и потенцијали со кои располага Пониква и музичка програма за гостите.

На собирот свое обраќање ќе има градоначалникот на Општина Кочани, од Сојузот на здруженија на  пензионери на Макеоднија и домаќинот Здружениетона пензиоери на општина Кочани.

Пензионерскиот собир е традицонална манифестација која секоја година ја организира локалното здружение на пензионерите од Кочани.

Сподели: