В сабота, 25.12.2021 год. со почеток од 12 ч. во Спортската сала во ООУ „Никола Карев“ ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал за помош на сограѓанката Славица Димитрова која боледува од ретко генетско заболување на очите за кое и е потребен лекарски третман.
На турнирот ќе настапат четири екипи во пионерска конкренција, ГФК „Осогово“, „Слога 1934“ – Виница, ФК „Младост-Тошев“ –Оризари и ФК „Академија“ – Чешиново – Облешево.
Влезницата за хуаманитарниот турнир е 100 денари, а собраните финансиски средства ќе бидат наменети за лекување на Димитрова. На настанот ќе има поставено и донациски кутии каде заинтересиранте ќе може да донираат дополнителни средства.
Турнирот е во организација на ГФК „Осогово“ и КМФ „Уни Паб“.