В четврток во Спомен-домот „АСНОМ“ работилница за подготовка на Стратегија за развој на спортот во Кочани

В четврток, на 22 октомври, со почеток во 17 ч., во салата на Спомен-домот „АСНОМ“ во Кочани ќе се одржи првата работилница за подготовка на Стратегија за развој на спортот во Кочани.


На работилницата обраќање ќе има градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, а ќе биде презентирана актуелната состојба во спортот од инфраструктурен аспект, со спортски капацитети, постојните спортски клубови и нивните активности. Накратко ќе бидат прикажани и плановите за развој според предвидените буџетски средства од Општина Кочани.


Потоа ќе се изврши анализа на внатрешните капацитети и на контекстот, односно на силните и слабите страни и на можностите и заканите.
Општина Кочани ги повикува спортските клубови и здруженија, спортистите, спортските работници, новинарите и сите вљубеници во спортот активно да се вклучат во подговката на овој документ, од кој ќе произлезат намошни програми и акциски планови.


Изработката на Стратегијата за развој на спортот во Кочани ќе се одвива во неколку работилници, а нацрт-документот ќе оди на усвојување од Советот на Општина Кочани.

Сподели: