В среда завршува сезоната на ноќно скијање на Пониква

Љубителите на зимските спортови в среда, 23 март ќе имаат можност за последен пат сезонава да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на ски-патеките на СРЦ „Пониква“.

Ски-патеките 1 и 3 се целосно израмнети и подготвени, а ќе се скија во периодот од 17:00 ч. до 20:30 ч.

Цената за ноќниот билет за ски-лифтот е 500 денари, а посетителите дополнително  можат да изнајмат опрема за скијање или санкање.

Големиот интерес за ноќно скијање беше причина сезонава на ски-патеките на Пониква повеќепати  да се организираат ноќни скијања под рефлектори.  

Сподели: