Новата снежната покривка што викендов се формираше на Пониква создаде идеални услови за скијање на ски-патеките на Спортско-рекреативниот центар на Осоговските Планини.
Љубителите на зимските спортови в среда (17.02.2021), ќе имаат можност повторно да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.
Ски-патеките 1 и 3 се целосно израмнети и подготвени и ќе бидат отворени за ноќно скијање од 17:00 ч.
Патнит правец до СРЦ „Пониква“ е прооден, информираат од ЈП „Македонија Пат“.
И. Матеничарски