Група на граѓани од кочанското село Бели и градот Кочани в среда, 25 мај ќе протестираат пред управната зграда на КЈП „Водовод“ поради чадењето и загадувањето предизвикано од Градската депонија.
– Организираме двочасовен мирен протест пред управната зграда на КЈП „Водовод“ и блокада на центарот на градот поради чадењето и гушењето предизвикани од Градската депонија – истакнаа од организаторите.
Протестот е закажан во периодот од 10 до 12 ч.при што организаторите повикаа на поголема масовност од населението.
Протестот доаѓа по неколкумесечното чадење и загадување предизвикано од опожарената депонија над Кочани со која управува кочанското комунално претпријатие.