Општинската организација на Црвен крст – Кочани за в четврток, 30 декември ја најави последната крводарителска акција за 2021 година. Со почеток од 08:30 до 14 ч. во просториите на Црвениот крст граѓаните ќе може да даруваат крв на редовната акција во месец декември.
„Почитувани сегашни и идни крводарители, Општинската организација на Црвен крст Кочани Ве поканува да земете учество на крводарителската акцијата која се одржува секој последен четврток во месецот во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани, овој месец на ден 30.12.2021 (четврток) со почеток од: 08:30 до 14:00 часот. Ве очекуваме“, соопштија од Црвен крст – Кочани.