Соопштение на Доброволното противпожарно друштво – Кочани:
„Доброволното противпожарно друштво – Кочани организира Гала вечер, на 11.05.2022 година со почеток од 18 ч. во ресторан „Ла Спеса“ со цел запознавање на бизнис секторот и сограѓаните за почетоците на формирањето на ДПД – Кочани, дејствувањето и потребите на едно вакво раритетно Доброволно друштво.
Влезниците со скромно мени + донација изнесуваат 2500 денари по личност.
Уплата на жиро сметка: Здружение ДПД – Кочани 30050000186807 – Комерцијална банка или во готово, на поканодавателите исклучиво со каса прием.
Чест ќе е на наша страна ако и Вие сте наш гостин. Денес Вие ни требате нас, барем делумно заеднички да го „изгасите“ пожарот за обезбедување на основни алатки за нашето функционирање.
За вашето разбирање, соработка и одзив – однапред Ви благодариме„.
Со почит, ДПД – Кочани
Лице за контакт: 078/319-117 – Александра