Гест за пример ! Советникот Венко Крстевски го донираше својот месечен паушал за Детското одделение при Општа болница Кочани

Советникот во Советот на Општина Кочани Венко Крстевски го донираше својот месечен паушал во износ од 14.500 денари за реновирање и обнова на Детското одделение при Општа болница Кочани.

Ваквиот гест наиде на позитивни реакции од граѓаните, а истиот е одличен пример и поттик за останатите советници да ги следат стапките на својот колега.

Венко Крстевски е советник на независната листа на „Младите за Кочани“ кој своевремено имаше иницијатива за формирање на солидарен фонд од паушалите на советниците, средства со кои требаше да се финансираат школувањата на децата од социјално загрозените семејства во градот.

Воедно ова не е првпат Крстевски да го донира својот месечен паушал во хуманитарни цели.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial