Младата и талентирана музичарка Викторија Захариева од Кочани е во конкуренција за победник на онлајн натпреварот „Ново име“, што во целост го реализираат компаниите „ХТЛ Македонија“ и брендовите-членки на групацијата „Новоматик.
Со цел да и помогнеме на нашата согрѓанка за што повисок пласман, потребно е да го дадеме својот глас на следниот линк со претходно најавување.
Воедно на линкот можете да го погледнете видеото во кое Викторија се претставува на онлајн натпреварот.
Гласањето завршува на 30-ти јуни на полноќ, така што веќе на 1-ви јули ќе се знае победникот кој ќе ја осови титулата „Ново име“ во Македонија.
„Ново име“ е нов проект со желба да ги поддржат и да ги охрабрат младите од Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра.
И.Матеничарски