„Гласно“ репортер – Бараме решавање на проблемот со честите прекини на водоснабдувањето на улицата „Скопска“

Жители на улицата „Скопска“ преку реакција до интернет-порталот „Гласно“ за рубриката „Гласно“ репортер укажуваат на постојани прекини на водоснабдувањето на дел од улицата и бараат надлежните да го решат проблемот.

„Ние група граѓани од улицата „Скопска“ сакаме да укажеме оти пред продавницата „Вал- Сан“ (популарно наречена Трска ) повеќепати се поправа некој одвод – довод и никако да се направи. Многу пати кога ни е потребна за готвење, капење и сл. остануваме со подзинати усти. На истата улица подолу кајшто се вкрстуваат со улица „Павлина Вељанова“ , таму пак само десетина пати се поправа и не знаеме до кога? И уште нешто : На излезот од Кочани кон Штип, над градскиот базен го нема огледалото“, стои во реакцијата на група граѓани испратена за рубриката „Гласно“ репортер.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial