„Гласно“ репортер: Вегетација го обрасна патот кон брана Гратче

Бујна вегетација го обрасна патот кон браната Гратче, информираат граѓани  за рубриката „Гласно“ репортер.

„Бараме надлежните да јa исчистат вегетацијата и надвиснатите гранки над патот бидејќи претставуваат опасност за возачите и пешаците. Непрегледно е, патниот правец секојдневно, а особено за викенд е често користен и неисчистената вегетација ја загрозува безбедноста на сите кои го користат“, стои во реакцијата испратена за рубирката „Гласно“ репортер.

Од секцијата Паркови и зеленило при КЈП „Водовод“ информираат дека повремено се интервенира на патниот правец. Приоритети се дава на зеленилото во првата градска зона, но во зависнот од можностите  се интервенира и во останатите зони во градот.

Сподели: