„Гласно репортер“ – Граѓанска реакција на жителите од улицата „Гоце Делчев“

Жители на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани испратија реакција до интернет – порталот „Гласно“ во врска со нередот што го оставаат тезгаџиите секој четврток по завршување на пазарниот ден.

– Сакаме да реагираме до надлежните во врска со проблем со кој се соочуваат жителите на улицата „Гоце Делчев“ секој четврток по завршување на пазарниот ден. Тезгаџиите оставаат невиден неред позади нив, од отпад и хартија пред нашите домови и во нашите дворови, но оставаат и бетонски блокови каде ќе им текне. Подоцна ние мора да ги острануваме од улицата и да ги враќаме од таму каде што се земени. Блоковите се оставаат на сред улица и тротоар и претставуваат опаност по возачите и пешаците и никој не ги отстранува од улицата. Реагираме до Комуналните инспектори и редари во Општина Кочани да ги предупредат тезгаџиите да се однесуваат одговорно кога веќе и така го узурпираат просторот пред нашите домови, стои во реакцијата испратена до интернет – порталот „Гласно“.

Сподели: