„Гласно“ репортер – Дел од коритото на река Масалница во Оризари обраснато со висока вегетација

До интернет-порталот „Гласно“ пристигна реакција за рубриката „Гласно“ репортер од жител на селото Оризари во која се бара да се исчисти вегетацијата на дел од коритото на река Масалница во Оризари, на потегот од мостот кај црквата, низводно кон излезот на Оризари.

„Бараме надлежните да го исчистат коритото на река Масалница, на потегот од црквата кон излезот од селото. На тој потег има обраснато бујна вегетација во висина од 3 до 4 метра што целосно го покрива речното корито и остава лоша слика на влезот во Оризари, но и опасност од појава на влекачи во близината. Погорниот тек на реката повремено се средува, но овој дел кај црквата и подолу од неа е доста запустен што се гледа и од фотографиите“, стои во реакцијата за рубриката „Гласно“ репортер.

Сподели: