„Гласно“ репортер – Жители на крак од улицата „Блаже Поп Арсов“ бараат помош од Општината

Жители на улицата „Блаже Поп Арсов“ испратија реакција до интернет-порталот „Гласно“ за проблем со кој се соочуваат и кој им го отежнува секојдневното функционирање и им ја загрозува безбедноста.

„Ние жителите на крак од улицата „Блаже Поп Арсов“ бараме Општината да ни излезе во пресрет  и да ни го санира патот. Бидејки улицата нема потпорен ѕид особено кога има врнежи од дожд или снег, земјата од патот се свлечува во дворовите на куќите и претставува опасност. Улицата е небезбедна за движење и бараме да се санира со изградба на потпорен ѕид и асфалтирање доколку е можно, бидејки редовно си ги плаќаме даноците и имаме платено комуналии“, стои во реакцијата на жители од улицата „Блаже Поп Аров“ испратена за рубриката „Гласно“ репортер.

Сподели: