„Гласно“ репортер – Заледени пешачки мостови опасност за граѓаните

До интернет-порталот „Гласно“ пристигнаа фотографии за рубриката „Гласно“ репортер во која граѓанин реагира на заледените пешачки мостови во централното градско подрачје на Кочани.

„Заледените пешачки мостови на минусните температури претставуваат опасност за пешаците. Надлежните служби да реагираат и да ги оспособат за нормално движење на пешаците со цел да се избегнат несакани повреди при движење“, стои во реакцијата.

Сподели: