„Гласно репортер“ –  Надлежните да го исчиста тротоарот на „Лазар Андонов“

До интернет – порталот „Гласно“ за рубриката „Гласно“ репортер пристигна реакција со фотографии на која граѓани реагираат на неажурноста на надлежните во одржување на хигиената на кејот на реката и тротоарот на улицата „Лазар Андонов“.

– Апелираме до надлежните од „Водовод“ да го исчистат тротоарот и кејот покрај реката на улицата „Лазар Андонов“ во Кочани. Во овој летен период голем број деца се движат кон Градскот базент и тениските терини, а секоја година сликата е иста. Тротоарот е враснат во трева, неисчистени смет и остатоци од паднати лисја и гранки.  И во овој дел од градот живеат луѓе и го користат овој тротоар. Сликата често е идентична и покрај коритото на реката каде до пред скоро време беше враснато во висока вегетација – стои во реакцијата испратена до интернет – порталот „Гласно“.

Сподели: