„Гласно репортер“ – Недостаток на сообраќајна сигнализација опасност за возачите и пешаците во Сиви Дом

Граѓани испратија реакција до интернет – порталот „Гласно„  за рубриката „Гласно“ репортер каде реагираат на недостаток на сообраќајна сигнализација на крстосницата на улицата „Роза Петрова“ и „Ристо Симеонов“ кај  игралиштето во Сиви Дом.

– На крстосницата на улиците „Роза Петрова“ и „Ристо Симеонов“ кај игралиштето во Сиви Дом, недостасува сообраќаен знак кој по интервнеција за санирање на дефект од водоводната мрежа беше отстранет и не беше вратен во првобитната состојба. Тоа предизвикува возачите кои доаѓаат од улицата „Ристо Симеонов“ да не застануваат на крстосницата со улицата „Роза Петрова“ и настанува општ сообраќаен хаос. Се вози брзо, не се застанува, а кај игралиштето има многу деца, нема обележан пешачки премин и е навистина опасно. Бараме од надлежните да го вратат знакот „Крстосување со пат со првенство на  минување“ популарно наречен обратен триаголник, и да обележат пешачки премини на крстосницата која е доста фреквентна и ризична, стои во реакцијата испратена до интернет – порталот „Гласно“.

Сподели: