„Гласно“ репортер: Нема корпи за отпад на новопоплоченото шеталиште кај „Бели Мугри“

Граѓани за рубриката „Гласно“ репоретер испратија фотографии преку кои реагираат до КЈП „Водовод“ да постави корпи за отпадоци на новопоплоченото шеталиште покрај Кочанска Река кај Центарот за култура „Бели Мугри“.

–  Нема ниту една корпа за отпад на новопоплоченото шеталиште од Паркот на револуцијата до мостот кај Шопинг центарот. На реновираното шеталиште кое го користиме сите секојдневно нема опрема за комунална хигиена па приморани сме отпдот да го носиме стотина метра со нас до првата корпа за отпад. Проект за реконструкција на паркот што вреди еден куп пари да биде оставен без комунална опрема е бесмислено, стои во реакцијата испратена до интернет – порталот „Гласно“ за рубриката „Гласно“ репортер.

Сподели: