„Гласно репортер“ – Оштетена бандера опасност во Сиви Дом

До интернет-порталот „Гласно“ пристигна реакција со фотографија од граѓанин, жител на Сиви Дом на која се гледа оштетен дрвен столб на кабелски оператор кој поради врнежите од снег е скршен, се држи на кабли и претставува опасност за пешаците и возачите.

-На улицата „1-ви Мај“ кај зградите во Сиви Дом, од врнежите од снег падна бандера која е опасност за пешаците и автомобилите. Бандерата се држи на каблите кои дел се на земја, а дел се поврзани со други бандери. Столбот нема сопственик бидејки истиот го користеше поранешен кабелски оператор и сега нема кој да го тргне од местото. Ги повикувам надлежните да го отстранат столбот кој е голема опасност за сите кои минуваат на улицата, стои во реакицијата испратена за рубриката „Гласно репортер“.

Сподели: