До интернет порталот „Гласно“ пристигна информација за рубриката „Гласно“ репортер дека утринава оштетен столб паднал на улицата „Иван Иванов Балашо“ во Кочани и го блокирал движењето по улицата.



– Неколку пати реагиравме до дека бандерата е оштетена, стара, за да дојдат да ја заменат, но никој не презема ништо. Утринава бандерата падна на сред улица, за среќа нема повредени лица или штета по автомобили, а улицата е блокирана и по неа не може да минуваат возила. Граѓаните ја заобиколуваат за да стигнат до работа, а каблите од бандерата се на земјата и предизвикуваат опасност, граѓани буквално ги прескокнуваат за да ја поминат препреката. Зар требаше да се случи бандерата да падне за да се промени со нова?, стои во реакцијата испратена до интернет – порталот „Гласно“.
Дополнето: Станува збор за стср столб на кој има мрежа на кабловски оператор. Екипи на ЕВН Македонија излегле во пресрет и го отстраниле столбот од улицата, но мрежата е во сопственост на кабловски оператор и не е во надлежност на ЕВН. На столбот имало и светилка за улично осветлување која била надвор од мрежа и неповрзана.
