До интернет – порталот „Гласно“ пристигнаа фотографии и видео со реакција за рубриката „Гласно“ репортер од посетители на Пониква кои реагираат на сообраќајниот хаос од возила кон Спортско – рекреативниот центар на Осоговските Планини.
– На Пониква денеска е вистински хаос од возила. Поради недостаток на паркинг простор возилата се паркираат на самиот пат, па се создава гужва и сообраќајот наместо во две, се одвива наизменично во една лента за двата правца. Паркингот на „Аеродрмот“ е полн, а не забележавме некој да става ред. Многу посетители се заглавени, а некои по неуспешниот обид се враќаат назад. Нервозни возачи и сирени од автомобили е сликата од Пониква. Разочарувањето е големо бидејки ваквата слика остава лош впечаток за туристичкиот центар и мора итно да се реагира доколку сакаме да развиваме туризам на Пониква, стои во реакцијата испратена за рубриката „Гласно“ репортер.