„Гласно“ репортер – Сливната решетка на „Страшо Ербапче“ повторно оштетена, граѓаните поставија дрвена палета како знак за предупредување на возачите

До интернет-порталот „Гласно“ пристигна реакција од граѓанин преку која се реагира и бара од надлежните да се санира сливната решетка на ул „Страшо Ербапче“.

„По којзнае кој пат, реагираме и бараме да се реши проблемот со пропаднатата и оштетена сливна решетка на ул. „Страшо Ербапче“. Веќе неколку дена како е пропадната, никој од надлежните не е дојден да ја санира. Нема ни сообраќаен знак за известување па мораше да ставиме дрвена палета, столче, дрва и кабли како предупредување за возачите. Ги искршивме автомобилите и оштетивме гумите на возилата. Бараме надлежните да се ангажираат и конечно да ја санираат. Срамота е да реагираме по десети пат преку медиумите за една решетка.“, стои во реакцијата испратена за рубриката „Гласно“ репортер.

Сподели: