„Гласно“ репортер – Тротоарите се за пешаците, не се паркинзи

До интернет-порталот „Гласно“ пристигна реакција проследена со фотографија  од сограѓанин на која се гледа паркирано возило на тротоар  на булеварот „Тодосија Паунов“ кое освен што го попречува движењето на пешаците, ја загрозува нивната безбедноста и го уништува реконструираниот тротоарот.

„Паркирањето возила на тротоар е секојдневие во Кочани. На фотографијата јасно се гледа дека се загрозува безбедноста на пешаците, нема каде да поминуваат, а се уништува и новиот тротоар на булеварот „Тодосија Паунив“, стои во реакцијата испратена за рубриката „Гласно“ репортер.

Паркирањето на тротоар е своевиден тренд во Кочани, па денешната реакција за „Гласно“ репортер нека биде причина за сообраќајната полиција што почесто, а не само периодично да опоменува и санкционира ваков вид на прекршувања на сообраќајните правила.

Сподели: