„Гласно“’ репортер – Тротоари има, а пешаците на коловозот

До редакцијата на интернет-порталот „Гласно“ пристигна реакција проследена со фотографии од наша сограѓанка која реагира на неуредените тротоари во населбата Бејрут во близина на социјалните згради.

Во реакцијата стои:

„Убава била замислата на инвеститорот, Локалната самоуправа на општината Кочани да изгради тротоари и во населбата Бејрут не само за полесен пристап на нејзините жители до домовите туку и за намерниците кои во текот на пандемијата на КОВИД 19 често пешачеа по нив. Но тоа траеше многу кратко.

На повеќе места бекатон плочките пропаднале и се создаваат нерамнини, а и тротоарите се обраснати со трева така што нивното користење е невозможно. Покрај тротоарите има земјиште кое никој не го користи и коси па од високата тревна вегетација демне опасноста од змии, стршени и други инсекти. Затоа пешаците на место на тротоарите се на коловозите. Од една страна змиите и инсектите, а од друга страна автомобилите. А комуналците под сенка.

Да на работниците од КЈП „Водовод“ може да им се замери што нередовно ги косат тротоарите и ги прават нефункционални но не може да им се замери поради сметот кој што несовесните граѓани го истураат на овој дел од градот и покрај неколкуте табли и известување за забрането одложување на смет, како и до контејнерите наместо во нив.„ – стои во реакцијата испратена од наша сограѓанка за рубриката „Гласно“ репортер.

Сподели: