„Гласно“ репортер: Ќе стави ли некој ред на Градскиот плоштад во Кочани?

До интернет-порталот „Гласно“ пристигнаа фотографии од граѓанин на кои се гледа сообраќајно безредие на Градскиот плоштад во Кочани.

„Ќе стават ли надлежните ред во сообраќајниот хаос на Градскиот плоштад? Секојдневно сме сведоци на несовесни возачи и диви таксисти кои се паркираат на тротоари, пешачки премини или на самата улица. Безбедноста на пешаците и возачите е загрозена. Честопати возилата се без регистарски ознаки, па апелирам полицијата и сообраќајниот инспектор во Општина Кочани да вршат повеќе контрола и на Градскиот плоштад, а не само околу Трговскиот центар и Автобуската станица“, стои во реакцијата испратена за рубриката „Гласно репортер“.

Сподели: