Полека, но сигурно, екипата на ГФК Осогово предводена од тренерот Кирчо Горгиев го добива ликот за новата сезона во ВМФЛ Исток.
Од денес, старо-нов играч на „жолто-сините“ е одличниот 22-годишен лев бек Глигор Дончев, кој доаѓа на позајмица од прволигашот Академија Пандев.
Дончев и зимото беше позајмен на нашиот клуб, но поради прекинот на сезоната немаше можност да се изнаигра. Во меѓувреме му истече позајмицата и се врати во матичниот клуб каде ги започна подготовките.
Сепак Дончев и понатаму ќе го гледаме во дресот на Осогово откако доаѓа на нова позајмица.
За потсетување, претходно на Градскиот стадион „Никола Мантов“ пристигнаа Илија Далчески од Лабуништа, Димитар Иванов од Пелистер и Слаѓан Митевски од Силекс.
ГФК Осогово е во завршни преговори со уште двајца фудбалери кои во следните денови се очекува да бидат промовирани во нови засилувања.