Глутница бездомни кучиња кои престојуваат во Градскиот парк и пошироката околина се секојдневна закана за безбедноста на минувачите во центарот на градот.
Честопати во чопор кучиња напаѓаат граѓани кои пешачат, возат велосипед, шетаат сопствени кучиња или деца кои си играат во паркот.

Денеска бевме сведоци кога група бездомни кучиња во неколку наврати се нафрлија на граѓани кои беа дел од настанот по повод роденденот на Доброволното противпожарно друштво – Кочани. Дел од граѓаните беа во ситуација да ги растеруваат кучињата кои напаѓаа луѓе кои минуваа во Градскиот парк.

Од пред некоја недела на социјалните мрежи кружеше видео од граѓанин со велосипед кој беше нападнат од кучињата во паркот.
Заклучок е дека очигледно недостасува институционално решавање на проблемот на што поголемиот број кучиња скитници во целиот град.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов