Мојот изговор е Честа, кој е Вашиот чалам?
Посветено на малите Величини и на Големата Маленкост!
Се тоа наспроти Борбата да останеш Човек, без да напуштиш дискурс на еснаф, принцип и работливост!?
Веродостојните по Дела се познаваат а не по Топло-Ладно!
Ние, и утре ќе бидеме тука, истите луѓе, секој со својата стручност, професија и животен пат!
Тешкото е оро кое современиот наратор го раскажува за Оние фатени во расчекор:
Адвокатите на ѓаволот, Економските хелпери на црно, Неуките даскали со лажни дипломи, Старите импотентни закоравени робовладетели и сите ситнодушечки профитерчиња!
Македонија се сака со срце, со дух и со апетит да се биде поголем Македонец!
Душата не се храни со тендери и лажни имиња, со устоени како сирење мувлосано Референдумци, бидете Верни на Идеалот и тефтерот нека отворен биде како Умот, оти различното е добро ама не е здраво по здравјето ако е Исто како вчера!?
Образот да го чувате, Туѓиот не го плукајте ако е чист!
Затоа што кога ќе има запршка и некоја си нова манџа, Вас пак ќе ве нема!
Оти Гласот на Народот и гласот на парите не идат заедно!?
Оти пејоративите од комплименти се само деминутиви од личности, од човечка свест…
Оставете го процесот природен да биде, не ги силувајте Силните за да ги експонирате Грубите по Памет и облеки тесни.
Ставете се на чело на колоната наместо лоши примери, Бидете урнек на Новото време!
А тоа бива со Работа и Облигација а не со башибозук и со Бенефити…
Толку!
Гоце Марков