Годинава за Водици нема да се потопува Светиот крст во водите на Кочанска река

Поради пандемијата со КОВИД-19  и забраната за јавни собири годинава чинот на потопувањето на Светиот крст во водите на Кочанска река ќе биде изоставен.

Од храмот „Св. Вмч Георгиј“ – Кочани информираат дека  водосветот ќе се отслужи  со литургија во црковниот храм.

Литургискиот циклус кој е поврзан со празникот Богојавление – Водици започнува од 18. јануари (понеделник) со служење на Света Божествена литургија и според типикот на православната црква е строг пост.

-Во вторник на 19 јануари Светата православна црква го честував споменот за големиот празник Богојавление, односно Крстението Христово, празник од големо значење за нас православните христијани. По она што го знаеме поради пандемијата со КОВИД -19  оваа година традиционалното потопување на Светиот крст во водите на Кочанска река ќе биде изоставено, додека водосветот ќе се отслужи во храмот Св. Вмч Георгиј“ во Кочани, соопшти Димитар Арсовски, свештенослижител во храмот „Св. Вмч Георгиј“ – Кочани.

Аровски додаде дека утредента на 20 јануари денот посветен на Свтиот Јован Крстител во храмот ќе се служи Утрена Богослужба со Света литургија.

Од храмот „Св. Вмч Георгиј“ – Кочани апелираат до вернците при посетата на храмот да ги запазуваат мерките за заштита од вирусот како и да одржуваат растојание со цел да се избегнат групирања.

И. Матеничарски

Сподели: