Во салата на Советот на Општина Кочани во петокот се одржа редовното годишно Собрание на СРЗЕК „Кочански рибар“ .
Пред присутните членови беа презентирани постигнатите резултати во работењето во изминатава 2019 година, како и плановите за годинава. Членовите имаа можност да дадат свои предлози и сугестии за развојот на здружението, заради поуспешно работење во иднина.
Воедно оваа година како новитет беа прогласени најдобри спортски риболовци за 2019 година на кои им беа доделени статуетки од „Кочански рибар“.
Со признание се здоби „Крапската“ екипа која освои прво место на натреварот на Брана „Градче“ во состав:
-Влатко Лефков
-Давид Лефков
-Ристе Митев
Во дисциплината „Риболов со мушица“ статуетка доби Миле Ристов за освоено второ место на Олимпијадата одржана на езерото „Козјак“.
Од здружението доделија и статуетки на тројца поединци, за особен придонес и развој на риболовното друштво, кои дале најголем личен придонес во изработка на риболовни позиции околу Брана „Градче“ и тоа на:
-Драган Синадинов
-Кипријан Наунов
-Стево Данев
На годишното Собрание присувствуваа педесет и три активни членови на здружението.
И.Матеничарски