Голем интерес за вакцинирање против сезонски грип во Кочани

На два пункта во Центарот за јавно здравје во Кочани од утрово почна бесплатното вакцинирање против сезонски грип, за што се обезбедени доволни количини од вакцините инфлувак тетра.

Интересот на граѓаните од ризичните групи е голем и на првиот ден од имунизацијата се пријавиле над 200 лица над 65 – годишна возраст, лица со хронични заболувања и бремени жени.

-Вакцинирањето е според термините што се добиени од веб-страницата vakcinacija.mk, каде граѓаните се пријавуваат за бесплатна имунизација против сезонски грип. Нема проблеми и застој во вакцинирањето, а во случај некој од пријавените граѓани да го пропушти терминот за кој добил известување со смс-порака, тогаш вакцината може да ја прими во наредните седум дена. Набавени се и доволен број комерцијални вакцини против сезонски грип, а тие на заинтересираните граѓани ќе им бидат на располагање од понеделник, истакна Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

Освен во Кочани, од утринава се отворени и пунктовите за вакцинирање во соседните општини Виница, Берово и Делчево, за кои Центарот јза јавно здравје ја има надлежноста.

Паралелно со вакцинирањето против сезонски грип, на два пункта во Општата болница со проширена дејност во Кочани тече и имунизацијата против Ковид-19.

Сподели: