Гореше сува вегетација кај комплексот АСНОМ

Пожар на отворен простор се случи утринава кај комплексот АСНОМ каде огнот зафати површина со сува трева.

Гореше  поголема површина на сува вегетација на просторот од Старата касарна, комплексот АСНОМ, а огнот се симна и до почетокот на улицата „Иван Иванов Балашо“, поранешна „Едвард Кардељ“ под комплексот АСНОМ.

Гаснењето на пожарот го отежнуваше силниот ветар со променлив правец. За среќа, со брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица огнот за краток период беше ставен под контрола и целосно локализиран со што беше спречено ширење на пожарот кон преостанатата сува вегетација и околните објекти.

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: