Традиционално веќе неколку години наназад на иницијатива на Овластениот инспектор при Општина Кочани – Николчо Гоцев, во ресторанот Аледар во Кочани се организираше заедничко предновогодишно собирање на сите учесници од градежниот сектор во Кочани.

На овој собир учествуваа над 100 учесници од Кочани и околината од сите градежни фирми, изведувачи, проектантски и надзорни ќуки, големи инвеститори, стоваришта за градежни материјали занаетчиски фирми, фасадери, електричари, водоводџии, фирми за столарија за врати и прозори, фирми за мебел и многу други кои директно или индиректно се вклучени во градежната индустрија во Кочани и околината.

Целта е размена на искуства и проблеми со кои се соочуваат учесниците во градежниот сектор во текот на своето работење и секако и самите граѓани како и изнаоѓање на предлози и решенија за предизвиците и проблемите во иднина се со цел за подобрување на квалитетот токму за нашите граѓани во Општина Кочани.
