Во тек се градежни активности за бетонирање улици во селото Тркање.
Изведувачот на работите, градежната фирма „Коле транс“ заврши со бетонирањето на пристапна улица „Никола Зафиров“, чија должина е 125 м., а за бетонирање се подготвува уште еден уличен крак во должина од 80 м.
Согласно Урбанистичкиот план вон населено место со намена за површински соларни и фотоволтаични електрани во местото викано Страна, во тек е пробивањето на пристапен пат низ месноста Средни Рид во Тркање. Работите за пробивање на пристапниот пат во должина од околу 1 000 м ги изведува фирмата „Калина“ од Оризари.