Деновиве се одвиваат градежни работи од двете страни на Кочанска Река, во непосредна близина на Градскиот пазар.
Се работи на ископ на тротоарите на улицата „Гоце Делчев“, а КЈП „Водовод“ изработи шахта за премин на водоводната линија преку реката. Улицата „Гоце Делчев“ ќе биде рехабилитирана во должина од 690 м.
На ул. „Борис Трајковски“ се поставуваат улични рабници и павер елементи, а на тротоаритесе засадуваат дрвца.
Градежните работи на двете улици ги изведуваат„Ескаватори МК“ и „Ескаватори Косово“.