Во текот на денешниот ден се извршуваат подготвителни активности за асфалтирање на десниот коловоз на улицата „Стево Теодосиевски“.
Истовремено се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од утре започнува асфалтирањето на десниот крак на улицата „Стево Теодосиевски“ и се апелира кон зголемена претпазливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Исто така започна реконструкцијата на улицата „Јордан Зафиров“ и подготовките за асфалтирање.
Деновиве беше извршено тампонирање на дел од улицата, а во периодот којшто следува ќе бидат поставени ивичњаци.
Истовремено започна тампонирањето и на дел од улицата „Маршал Тито“ во с. Тркање.