Градоначалникот Илијев ги посети дежурните служби во Кочани

Градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев денес ги посети дежурните служби во општинта, за да им го честита големиот христијански празник Велигден, а воедно и одблиску да се информира за состојбата на терен.

„Велигден, најголемиот христијански празник е работен ден за одредени служби. Во вонредна состојба поради пандемија, тие позасилено од обично ги извршуваат своите работни задачи.


Дел од нив ги посетивме за да им го честитаме празникот и да се информираме за текот на настаните на нашево подрачје.
Здравствените работници во Општа болница, службите од Одделението за внатрешни работи – Кочани и пожарникарите од ТППЕ, известуваат за нормален тек на активностите.


Имавме случајна средба и со граѓани кои имаат дозвола за движење во одреден период.
Заеднички повикуваме Велигден да го одбележиме достоинствено, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита на личното и на јавното здравје.


Ви посакувам пријатни празници!
Христос воскресна – навистина воскресна! За многу години“! – напиша на фејсбук градоначалникот Илијев

Сподели: