Градоначалникот Илијев го честита Курбан бајрам

По повод верскиот празник Курбан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед, во која се вели:

– Ви го честитам големиот верски празник Курбан бајрам и посакувам празничните денови да бидат исполнети со љубов, радост и духовен мир.

Овој празник нека биде мотив да ги избираме толеранцијата, солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување и со нив да градиме поубава иднина за нашата општина и за сите граѓани.

Повикувам етничката и верската различност да бидат мостови на разбирање што зближуваат и обединуваат – стои во честитката од градоначалникот Илијев.

Сподели:
  •  
  •  
  •