Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати допис до надлежните образовни институции и Државниот просветен инспекторат со кој ги информира и реагира во врска со недоличното однесување на вработени во Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“.
За видеоснимката која станува вирална се информирани и службите од Министерството за внатрешни работи.
Исто така Градоначалникот Илијев побарал од директорот на „Гошо Викентиев“, Гоце Савев да постапи согласно законските одредби.