Градоначалникот Илијев повика на почитување на мерките за заштита од коронавирусот

„Зголемениот број заразени случаи потсетуваат дека коронавирусот не мирува и незапирливо напаѓа! Ова е предупредување дека сите треба максимално да ги почитуваме препораките на надлежните.“

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати апел во пресрет на празникот и продолжниот викенд за максимално придржување кон мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, со обезбедено растојание и заштита.

„Воедно ги повикувам сите инспекциски служби за зголемена контрола во секој дел што има протоколи, упатства и одредби за почитување на мерките за заштита, со единствена цел – спречување на ширењето на коронавирусот, кој зема замав и вонашата средина и зема човечки животи“ – повика Илијев.

Сподели: