Градоначалникот Илијев упати сочувство до семејствата на починатите Милан Ангелов и Благој Јанков


Деновиве Кочани загуби две големи спортски имиња: Милан Ангелов Г’лма и Благој Јанков-Гоне.


По повод смртта на двајцата професори по физичка култура, спортски работници и хуманисти, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати сочувство до семејствата на починатите, во која се вели:
Кочани остана без двете спортски легенди Милан Ангелов-Г’лма и Благој Јанков-Гоне, луѓе кои ја пишувале спортската историја на Кочани градејќи генерации млади со гимнастиката, ракометот, планинарењето.
Кочани загуби наставници, спортисти и хуманисти кои ќе останат запаметени по спасувачката мисија на Пониква, на почетокот на осумдесеттите години, кога нивните животи беа споредни наспрема двата автобуси со деца зимувалци на Пониква, кои со нивна помош, беа спасени од студот на Осоговските Планини.
Од мое лично име и од името на сите граѓани на Општина Кочани, упатувам длабоко сочувство до семејствата Ангелови и Јанкови.

Сподели: