Градоначалникот Илијев упати честитка до здравствените работници по повод Денот на здравјето

Истакнувајќи ја улогата и значењето на здравствените работници во борбата против КОВИД-19, градоначалникот Николчо Илијев упати порака до сите здравствени работници.

–Во овие моменти кога светот води несекојдневна битка, на сите здравствени работници им го честитам Денот на здравјето.Од мое лично име и од името на граѓаните на Кочани им благодарам што со својата хуманост и пожртвуваност се борат за највредното нешто – животот.

Вие отсекогаш сте биле стожер во општеството, но товарот што го носите во овие моменти е непроценливо тежок, а вие имате историска улога. Ја имате нашата поддршка да истраете во борбата против болеста.Чувајте го вашето здравје за да можете да се грижите за здравјето на сите нас – истакнува градоначалникот.

Илијев додава дека најубавата честитка што можат граѓаните да ја упатат на здравствените работници е со тоа што ќе ги почитуваат мерките и препораките од надлежните и на тој начин ќе придонесат да го зачуваат своето, а со тоа и здравјето на тие што се грижат за нас.

Сподели: