Градоначалникот на Општина Лајонс, Илиноис во Соединетите Американски Држави, Кристофер Гети, во рамки на посетата на општина Кочани во просториите на Територијалната противпожарна единица – Кочани оствари средба со командирот на единицата, Драган Апостолов и претставници на кочанските пожарникари и доброволци.

Целта на посетата беше градоначалникот Гети одблизу да се запознае со работата и предизвиците со кои се соочуваат кочанските пожарникари и доброволци. Меѓудругото, стана збор и за можноста за соработка и поддршка помеѓу двете општини во делот на противпожарната заштита.

Претходно, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов и на Лајонс, Кристофер Гети потпишаа меморандум за партнерство помеѓу двете општини.
И. Матеничарски